Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот тренер на Вардар, Брегалница и на Македонија ЃП, кој шест години беше и претседател на Фудбалската федерација на Македонија, ќе биде нов тренер на грчкиот второлигаш Каламата. Тој во текот на утрешниот ден треба да го преземе тимот, а прв соработник ќе му биде Владимир Димитровски, поранешниот репрезентативец и играч на Вардар и на Работнички, кој сега живее во Грција и неодамна ја заврши кариерата.
Илчо Ѓорѓиоски оваа сезона ја почна како тренер на Брегалница, но потоа дојде до разделба со раководството на штипскиот клуб.
Каламата е член на Втората лига југ во Грција и во моментот се наоѓа на седмата позиција со пет победи, четири ремија и три порази.