Македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска ја продолжува интернационалната кариера. Таа во пролетниот дел од сезоната ќе ги брани боите на францускиот Безансон.
Гичевска по неколку години се враќа во Франција, каде настапуваше за Ле Самбр Авенуа и Ле Пузен. Во својата кариера таа настапуваше и за Локомотива Загреб, Вардар Јуниор, ЖРК Вардар, ЖРК Металург и за ЖРК Куманово.
Леонида Гичевска е регистрирана како „медицински џокер“ на четирикратниот првак на Франција и ќе го носи дресот и во групниот сегмент на Лига Европа, против Молде, Шиофок и Борусија Дортмунд.