Челси нема намера да престане да троши пари на нови играчи. Клубот кој во два преодни рока потроши 611 милиони евра на нови играчи, веќе ги прави плановите за летниот преоден рок. Погледите на клубот се насочени кон „Сан Сиро“ и Португалецот Рафаел Леао.
Рафаел Леао, има договор до јуни 2024 година, како сега стојат работите тој нема да го продолжи договорот. Поради тоа Милан ќе мора да го продаде по завршувањето на сезоната.
Италијанските медиуми тврдат дека проблемот кој го има Леао со поранешниот клуб Спортинг ги кочи преговрите со Милан.
Судот пресуди дека Леао го раскинал договорот на штета на Спортинг и дека поради тоа ќе треба на клубот да му плати 18 милиони евра. Милан нема намера да ја плати таа сума и тука во приказната влегува Челси. Тод Боли, новиот сосптвеник, гарантирал дека Челси ќе го исплати Спортинг.
Покрај Челси, интерес за Леао покажале уште неколку клуба од Премиер лигата.