Реал Мадрид има намера да ја продолжи соработката со Дани Себаљос. Актуелниот договор на Себаљос важи до крајот на сезоната. Понудата претставува мало изнендување бидејќи шпанските медиуми изминатите месеци пишуваа дека Реал нема да му понуди нов договор, туку дека тој како слободен играч ќе замине од клубот.
Себаљос самиот се избори за новиот договор. Во последните два месеци игра добро, а тренерот Карло Анчелоти се почесто го користи во редот за врска.
Себаљос во Реал се пресели во 2017 година од Бетис за 17 милиони евра. На почетокот на кариерата во Реал не доби шанса поради што замина на позајмица во Арсенал. Во Лондон беше две години.
Пред почетокот на сезоната 2021/2022 се врати во Реал откако Арсенал реши да не го откупи неговиот договор.
Од почетокот на оваа сезона, Себаљос има одиграно 20 натпревар, забележа четири асистенции и постигна еден гол.