Top Sport

Чудо на Гудисон парк – Евертон го победи Арсенал

Фудбалерите на Евертон го победија лидерот Арсенал со 1:0, на дебито на новиот менаџер Шон Дајч. „Карамелите“ ја забележаа четвртата победа, додека за Арсенал ова е вториот пораз од почетокот на сезоната.

Арсенал на „Гудисон“, против екипата која се бори за опстанок го одигра најлошиот меч во сезоната и заслужено загуби. Ова е трет пораз за Арсенал на овој стадион во последните четири годдини.

Шон Дајч успеа да внесе нова енергија во тимот на Евертон и ја прекина серијата од седум натпревари на кои „карамелите“ освоија само еден бод.

Мечот го реши голот на Џејмс Тарковски во 60.минута. Со овој играч Дајч имаше одличан соработка во Бортнмут.

Scroll to Top