Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа со „меме“ од Жозе Мурињо го коментираше црвениот картон на својот соиграч Касемиро на вчерашниот дуел со Кристал палас.
Касемиро бурно реагираше на стартот на Џефри Шлуп над Антони, по што во мешаницата Бразилецот го фати Вил Хјуз за врат, по што по ВАР проверката доби прв директен црвен картон во својата кариера. Менаџерот Ерик Тен Хаг сметаше дека и играчите на Палас требаа да бидат казнети, додека Де Хеа одговори со гиф на својот поранешен тренер Мурињо.
„Ако зборувам ќе сум во големи проблеми, а не сакам да сум во големи проблеми“, вели во видеото Мурињо.
— David de Gea (@D_DeGea) February 4, 2023
Watch until the end… Casemiro’s red card needs to get overturned! pic.twitter.com/5hdbbBd9zc
— ًEl. (@UtdEIIis) February 4, 2023