Пол Погба нема намера да си замине од Јувентус во летниот преоден рок и покрај хаотичната сезона за него и за италијанскиот гигант, тврдат италијанските медиуми.
„Бјанконерите“ беа казнети со 15 поени, а им се заканува и дополнителна казна поради финансиските нерегуларности, додека Погба по враќањето од Манчестер јунајтед во текот на летото уште нема заиграно во официјален меч за Јуве по повредата на коленото.
И покрај ова, „Тутоспорт“ тврди дека Погба работи на својот камбек и не планира да побара трансфер во текот на летото без разлика на казните кои ќе ги добие клубот, и сака да врати за довербата која ја добива од клубот.
#Pogba e il futuro alla #Juventus 👇https://t.co/3emVmNvvhH
— CalcioNews24.com (@CalcioNews24) February 5, 2023