Top Sport

Аспас со бесрамна симулација го расипа најдобриот меч во Ла лига оваа сезона

Реал Бетис-Селта, неочекувано, се покажа како еден од најинтересните и најдобрите мечеви во шпанската Ла лига оваа сезона, откако Селта успеа да стигне до 3:4 победа која ги остави домашните фудбалери бесни на однесувањето на легендата на Селта, Јаго Аспас.

Во 95. минута од мечот, Луиз Фелипе влезе во конфликт со капитенот на Селта, по што Аспас театрално падна на подот, и Фелипе доби директен црвен картон. По ова се случи мешаница на теренот, за потоа фудбалерите и тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини да побараат казна за Аспас.

„Тоа е срамно однесување, какво што не доликува во Ла лига. Луиз Фелипе го удри по рака, а не во лице. Судиите мора да ги казнуваат таквите работи“, изјави Пелегрини.

Хуанми, пак, беше бесен на ВАР системот.

„Зошто служи ВАР ако не за вакви ситуации. Никој не го удри во лице. Ако веќе се работи за директен црвен картон, тогаш нека направат вистинска проверка“, вели Хуанми.

Голеада на „Бенито Виљамарин“ – Селта го победи Бетис со 4:3

Scroll to Top