Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски повторно ќе работи во Саудиска Арабија. Тој е нов тренер на Наџран, клуб од Саудиска Арабија, каде се враќа по цели девет години.
Тој работеше во Наџран во 2014, а претходно и во 2012 година.
Хаџиевски е поранешен македонски селектор, најтрофеен македонски тренер, предводник на Вардар, Силекс, Пелистер и Беласица, а има и долга интернационална кариера.
Со Ѓоко Хаџиевски во Наџран како дел од стручниот штаб ќе работат и Филип Деспотовски и Филип Спасески, како и тренерот на голманите, Филип Маџовски.
جوكيكا يصل إلى منطقة #نجران 💚🤩 pic.twitter.com/hPL7G1jRL7
— نادي نجران السعودي (@MC_NajranFC) February 4, 2023