Top Sport

Томпсон погоди 12 тројки, Томас постигна 47 поени

Клеј Томпсон од Голден стејт и Кем Томас од Бруклин ја обележаа ноќта во НБА лигата. Двајцата постигнаа 40+ поени.

Актуелните шампиони, Голден стејт славеа во дуелот со Оклахома 141:114. Томпсон погоди 12 тројки од 16 обиди, мечот го заврши со 42 поени. Вориорс дилемите околу победникот ги решија во третата четвртина која ја добија со 44:26.

Бруклин на домашен терен не успеаја да ги победат ЛА Клиперс. Екипата од Лос Анџелес победи со 124:116.

Кем Томас, 21 пик на драфтот во 2021 година, мечот го заврши со личен рекорд од 47 поени. Победникот го предводеа Пол Џорџ со 29, Каваи ленард со 24 и Ивица Зубац со 19 поени и 12 скокови.

Далас прв пат сезоната победија без Лука Дончиќ. Маверикс славеа кај Јута со 124:111. Џош Грин и Џејден Харди постигнаа по 29 поени, а Тим Хардавеј додаде 19. Кај Џезерите се истакнаа Џордан Кларксон со 26 и Лаури Марканен со 19 поени и 7 скока.

Резултати:

Детроит – Бостон 99:111
Вашингтон – Кливленд 91:114
Бруклин – ЛА Клиперс 116:124
Чикаго – Сан Антонио 128:104
Хјустон – Сакраменто 120:140
Јута – Далас 111:124
Голден стејт – Оклахома 141:114
Портланд – Милвоки 108:127

Scroll to Top