Марсело Биелса стана првиот менаџер на Лидс јунајтед кој успеал да победи во првите четири меча откако беше поставен, откако неговиот тим стигна до 2:0 победа над Ротерхам.
Откако ја почнаа сезоната со 3:1 победа над Стоук сити, тимот го „демолираше“ Дерби Каунти на Френк Лампард со 4:1, по што следуваше победата над Болтон во Карабао купот, и денеска триумфот над Ротерхам.
Со ова Аргентинецот, кој беше донесен на „Еланд роуд“ од францускиот Лил, влезе во историјата на големиот клуб од Јоркшир, кој се надева дека по 14 години оваа сезона конечно ќе се врати во елитата.
? | Today’s 2-0 win means Marcelo Bielsa becomes the first ever #LUFC head coach to win their opening four games in charge pic.twitter.com/qVUU5MbSKt
— Leeds United (@LUFC) August 18, 2018