Top Sport

Волкот и Ришарлисон ги „кренаа“ Евертон, Тотенхем без мака со Фулам (видео)

Ришарлисон се покажува како одлично засилување за тимот на Евертон, откако Бразилецот во вториот меч за „карамелите“ го постигна и третиот гол, овојпат за 2:1 победа над Саутемптон на „Гудисон парк“.

Уште едно засилување за Евертон, Тео Волкот најубаво се снајде по слободниот удар во 15. минута за да го постигне првиот гол за својот нов клуб, по што во 31. минута имаше одлично нафрлање, на кое налета Ришарлисон за 2:0. Во второто полувреме, Евертон играше под притисок откако Дени Ингс намали на 2:1 во 54. минута.

Тотенхем на „Вембли“ не дозволи изненадување против новиот премиерлигаш, Фулам, стигнувајќи до 3:1 победа со головите на Лукас, Трипиер и Хери Кејн.

Лестер со 2:0 совлада уште еден нов премиерлигаш, Вулверхемптон, додека Вест хем пак ги разочара домашните фанови откако иако водеше 1:0 со голот од пенал на Арнаутовиќ, на крајот беше поразен од Бурнемаут, кои направија целосен пресврт во второто полувреме.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 2.КОЛО

Евертон – Саутемптон 2:1

Лестер – Вулверхемптон 2:0

Тотенхем – Фулам 3:1

Вест хем – Бурнемаут 1:2

Scroll to Top