Челси го доби лондонското дерби против Арсенал со 3:2 победа обезбедена во финишот на натпреварот, со која тимот на Маурицио Сари сакаше да потврди дека е еден од кандидатите за титула оваа година.
Челси рано стигна до водство од 2:0, и кога изгледаше дека на Арсенал му се заканува уште еден тежок пораз по тој од Манчестер сити во првото коло од 2:0 (ждрепката не му е наклонета на Унаи Емери), „топчиите“ до крајот на полувремето успеаја да се вратат со два гола за израмнување на 2:2.
Човек на одлука беше Марко Алонсо во 81. минута откако доби одлична топка од Еден Азар успеа да го совлада Чех за втор триумф во два меча од Премиер лигата.
Фановите на Челси мора да се задоволни од напаѓачкиот фудбал кој го наметна Маурицио Сари и покрај дискутабилната одбрана, додека „топчиите“ кои очекуваа нова ера под Унаи Емери го стартуваат шампионатот со нула поени по два меча.