Дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос следната сезона најверојатно ќе се пресели во друг клуб. Рамос не е приоритет на клубот за следната сезона и големо прашање е дали ќе добие нов договор
Во првата сезона одигра само 12 првенствени натпревари, бидејќи имаше големи проблеми со повредите, оваа сезона игра се повеќе, но се намалуваат шансите да остане во Париз.
Има многу заинтересирани клубови кои би сакале да го доведат Шпанецот во своите редови. Први меѓу нив се екипите од МЛС лигата, како и од Саудиска Арабија, кои сакаат да имаат се повеќе големи фудбалски ѕвезди во своите тимови.
Приоритет за ПСЖ се Меси и Маркињос, како и афирмација на помлади играчи, додека во одбраната од наредната сезона ќе игра Милан Шкриниар од Интер.