Top Sport

Браун го продолжи договорт со Макаби

Кошаркарскиот клуб Макаби, во пресрет на натпреварот со Црвена звезда, објави дека Лорензо Браун потпишал нов, три годишен договор.

Американецот со шпански пасош, во Тел Авив ќе остане до 2026 година. Според договорот, Браун по сезона ќе заработува 1.500.000 евра.

Браун во Европа пристигна пред четири сезони, кога доби ангажман во Црвена звезда, потоа играше во Фенербахче и Уникс. Минатото лето тој потпиша договор до Макаби.

Браун сезонава има просек од 16,6 поени, 3,2 скока и шест асистенции на 20 натпревари во Евролигата.

Американецот, во септември, ја предводеше Шпанија до титулата на Европското првенство.

Макаби претходно продолжи договорот со Роман Соркин, а клубот ќе се обиде да ги задржи и Вејд Болдвин, Џарел Мартин и Бонзи Колсон.

Scroll to Top