Македонскиот прволигаш Шкендија одигра 2:2 против летонскиот тим Валмиера на подготовките во Анталија. Овие две екипи имаа дуели и во Конференциската лига на УЕФА пред шест месеци, а славеше Шкендија.
На пријателскиот меч во Турција, Валмиера имаше водство од 2:0 на полувремето, но Шкендија стигна до израмнување во вториот дел. Албанскиот интернационалец Ералдо Чинари беше стрелец на два гола, во 48.минута и во 66.минута.
Ова беше последниот тест натпревар на Шкендија во Анталија, по што експедицијата се враќа во Македонија.