Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски (26), кариерата ја продолжува во Вецлар. Во стручниот штаб на Вецлар работи Филип Миркуловски. Сезоната Кузмановски ја почна во Хановер.
Кузмановски со Вецлар потпиша договор до крајот на сезоната, со опција тој да биде продолжен на уште една година.
Вецлар, по 19 кола во Бундеслигата се наоѓа на 16.место и до крајот на сезната го очекува тешка борба за опстанок во лигата.
Кузмановски во кариерата има настапувано за Пелистер, Металург и Магдебург.