Top Sport

Англичанец ќе им суди на Реал и Ал Хилал

ФИФА објави дека англискиот судија Ентони Тејлор ќе го суди финалето на Светското клупско првенство во Мароко.
Реал Мадрид и Ал Хилал ќе се сретнат во сабота на 11. февруари од 20:00 часот на стадионот „Мулеј Абдалах“ во Рабат.

На Тејлор ќе му помагаат колегите Гери Бесвик и Адам Нан.

Тејлор неодамна имаше можност да ја дели правдата на Светското првенство во Катар, каде водеше два меча од групната фаза, (Гана-Јужна Кореја и Хрватска-Белгија).

Англискиот судија го водеше и натпреварот меѓу Ал Ахли и Сиетл Саундерс (1:0) на Светското клупско првенство.

Реал Мадрид во полуфиналето го победи Ал Ахли со 4:1, додека Ал Хилал го победи Фламенго со 3:2.

Scroll to Top