Карло Анчелоти и неговите Реал Мадрид ги демантираа шпекулациите дека италијанскиот тренер прифатил да стане нов бразилски селектор.
„ЕСПН Бразил“ во петокот објави дека Анчелоти се согласил да стане наследник на Тите со тригодишеен договор, кој би траел до крајот на СП во 2026 година, додавајќи дека бразилските фудбалери на Реал веќе биле информирани за одлуката.
„Не знам ништо за тоа, првпат слушам. Дури не знам што кажаа во Бразил. Јас сум тренер на Реал Мадрид и имам договор до јуни 2024 година“, изјави Анчелоти.