Јувентус стигна до важни три поени со 1:0 победа над Фиорентина, со што се искачи на деветтото место на табелата, во исчекување на потенцијална нова казна со поени која би ги доближила до зоната за испаѓање.
Клучен човек за победата на „бјанконерите“ беше Французинот Адриен Рабио, кој во 34. минута постигна гол по одличната асистенција на Анхел ди Марија. Јуве постигна уште еден гол во 59. минута преку Душан Влаховиќ, но тој беше поништен поради офсајд.
Фиорентина во финишот на мечот тргна по поен, и за малку ќе го добиеше кога Гаетано Кастровили постигна убав гол од работ на шестнаесетникот, но и тој беше поништен поради минимален офсајд при акцијата.
Standings provided by Sofascore