Top Sport

Австралијката Родионова се потсмева со „повредата“ на Ѓоковиќ

Австралиската тенисерка со руско потекло, Арина Родионова се потсмеваше со повредата на бутниот мускул на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен, каде што Србинот стигна до својата 22. гренд слем титула и покрај тоа што се жалеше на незгодната повреда.

33-годишната Родионова, која имаше најдобар рејтинг на 119. место на АТП листата, се повлече од четврт-финалето на ИТФ турнир во Австралија по што на Инстаграм објави смешна порака.

„Имам скинат бутен мускул од 3 сантиметри, но направив некое истражување и би требало да сум добра за утре“, напиша Родионова.

Ѓоковиќ претходно се бранеше од обвинувањата дека секогаш „претерува“ со обемот на своите повреди.

„Оставам да се сомневаат тие кои го сакаат тоа. Но, само моите повреди се под сомнеж. Кога некој друг тенисер ќе се повреди, тој е жртва, кога сум јас, глумам. Нема да докажувам ништо никому“, изјави Ѓоковиќ по освојувањето на титулата во Мелбурн.

Scroll to Top