Сопственикот на „Твитер“ и на „Тесла“, Илон Маск, кој според „Форбс“ е вториот најбогат човек во светот, размислува да достави понуда за купување на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Според англискиот таблоид „Дејли Мејл“, мултимилијардерот е подготвен да освои околу 4,5 милијарди фунти за да стане сопственик и на клубот од „Олд Трафорд“.
Крајниот рок за да достави понуда за Манчестер Јунајтед е петок.
Семејството Глејзер одлучи да го продаде англискиот клуб, а според англиските медиуми сака 6 милијарди фунти за продажба на клубот.