Некогашниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, рекол дека е разочаран од политиката која ја имаат новите сопственици кон клубот.
Берлускони три децении беше сопственик на Милан, а пред седум месеци клубот го купи конзорциумот на Јонгхонг Ли. Новите сопственици во летниот преоден рок во засилувања вложија речиси 200 милиони евра, но клубот постигнува лоши резултати.
„Многу сум разочаран. Забележувам дека договорот со новите сопственици не е оној кој е склучен за доброто на клубот. Планирани се нови спонзори, но тоа не е реализирано“, изјавил за „Газета дело Спорт“, Берлускони.
Поранешниот сопственик е разочаран и од начинот на кој игра Милан, што не треба да чуди бидејќи Милан е осми на табелата во Серија А со 16 бодови по 11 одиграни натпревари.