Американскиот стратег Џеси Марш ќе стане нов тренер на Саутемптон, тврдат англиските медиуми.
Марш експресно најде нова работа, откако пред осум дена доби отказ од челниците на Лидс јунајтед.
Се очекува наскоро да следи и официјализирање на договорот. Саутемптон се последни на табелата и до крајот на сезоната им престои тешка битка за опстанок во лигата.
Марш ќе биде третиот тренер на Саутемптон од почетокот на сезоната. Ралф Хасенхитл доби отказ на 7. ноември, а неговиот наследник Нејтан Џонс замина по само 94 дена. Тој ги предводеше „светците“ на 14 натпревари, отказ доби откако доживеа седум порази на последните осум натпревари.
Марш е поранешен тренер на Њујорк Ред Бул, Салцбург и Лајпциг. Тој би можел да дебитира на клупата на Саутемптон викендов против Челси.