Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ признава дека ќе биде тешко да го задржи во својот тим Џуд Белингем, за кого се заинтересирани Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.
Се очекува Дортмунд да бараат над 130 милиони евра за 19-годишниот англиски репрезентативец и Терзиќ очекува да му биде тренер барем уште некој сезона.
„Прво, тој има долгогодишен договор со нас и никогаш не сме зборувале за заминување. Разговорот секогаш е како да ги подобриме неговите перформанси за да го туркаме напред. Другото… Секогаш ќе има шпекулации посебно ако си млад, талентиран англиски фудбалер кој не игра во Англија. Тој е ментално силен, подготвен да дава голови. За мене тој е најстариот 19-годишник кој сум го сретнал. За него, небото е граница“, вели Терзиќ.