Top Sport

Атсу уште е исчезнат, неговиот агент вели дека се пронајдени неговите чевли

Агентот на фудбалерот на Хатајспор, Кристијан Атсу вели дека неговиот агент уште е исчезнат по двата земјотрески во Турција и Сирија, иако ги пронашле неговите чевли и локацијата на неговата соба.

Минатата недела се врдеше дека 31-годишниот интернационалец од Гана, Атсу, е пронајден и дека е жив, но неговиот агент Нана Сечере инсистира дека и покрај тоа што се пронајдени делови од неговата облека меѓу урнатините, Атсу уште е исчезнат.

„Поминаа девет дена од земјотресот и уште не сме го лоцирале Кристијан. Јас сум на местото на земјотресот во Хатај со семејството на Кристијан. Сцените не можат да се опишат и срцата ни се скршени за сите кои се погодени. Додека сум тука го пронајдовме местото на неговата соба и најдовме два пара чевли. Вчера добивме потврда со термални снимки дека има доказ за пет живи, но вистинската потврда на животот е кога ќе го видиш човекот. Благодарни сме на турските и странските тимови за спасување, на сите локални цивили за нивната помош“, вели Сечере на социјалните мрежи.

Scroll to Top