Фудбалерот од средниот ред на Фиорентина, Гаетано Кастровили не можел да се помири со тоа што ВАР му го поништи израмнувачкиот гол против Јувентус, што се обидел да му подели шамар на судијата во сон.
Јуве стигна до 1:0 победа со голот на Адриен Рабио, но ВАР претходно поништи два гола, еден на Душан Влаховиќ и еден на Кастровили.
Кастровили, кој се врати по пауза поради сериозна повреда од коленото бил толку разочаран што дури и го сонувал моментот, открива неговата сопруга, Ракеле Ризалити преку социјалните мрежи.
„Минатата ноќ, Кастровили сонуваше за ВАР и за поништениот гол, и ме почести со шамар, бидејќи мислеше дека сум судијата. Немам зборови“, напиша Ризалити на Инстаграм.