Top Sport

Рибата Хери доби забрана за влез на стадионот на Саутемптон

Навивачите на Гримзби таун добија забрана за внесување на нивната маскота Хери Хедок (инаку риба на надувување) на стадионот „Сент Мерис“ во Саутемптон пред мечот од петтото коло во ФА купот.

Навивачите на четвртолигашот Гримзби, кој исто така има прекар „Маринерс“ поради рибната индустрија во градот, речиси секогаш се своите маскоти на стадионите, но за дуелот на 1 март нема да можат да ги покажуваат на стадионот на премиерлигашот.

„Клубот доби потврда од Саутемптон дека сите Хери Хедокс нема да добијат дозвола за влез на ‘Сент Мерис’. Ја споделуваме фрустрацијата со нашите навивачи, но знаеме дека ќе ја имаме нивната поддршка за нашиот прв меч во петто коло на ФА куп од 1996 година“, се вели во објавата на клубот.

Се очекува во Саутемптон да има најмалку 5.000 навивачи на Гримзби.

Scroll to Top