Францускиот прволигаш Ница поднесе официјална жалба до полицијата, откако за време на нивната 1:0 победа на Лил, во тоалетите на нивниот стадион се снимал порно-филм.
На мечот на 29 јануари, Гаетан Лаборд го постигна единствениот гол на мечот, но повеќе акција имало во тоалетите на стадионот, со бројни видеа кои се појавија на социјалните мрежи, по што клубот ја информираше полицијата.
На теренот, Ница има шест меча без пораз со што се искачија на седмото место на табелата, на четири поени од пласман во Европа.