Top Sport

Довициозо во Куќата на славните

Андреа Довициозо ќе биде примен во Куќата на славните на Мото ГП, оваа година во Муџело.

Италијанецот, три пати во кариерата беше втор во најсилната класа во кариерата, во три последователни сезони од 2017 до 2019 година. Во тоа време тој беше главен ривал на Шпанецот Марк Маркез.

„Кога ми рекоа дека ќе бидам примен во Куќата на славните, бев навистина изненаден. Горд сум и среќен бидејќи ќе ја носам титулата легенда на Мото ГП“, изјави Довициозо.

Својата прва голема титула ја освои во 2004 година во тогашниот шампионат во најслабата класа. Тој заврши пред Хорхе Лоренцо, Кејси Стонер и Алваро Баутиста.

Тој помина три сезони во категоријата до 250 кубика. Три пати беше меѓу првите тројца во генералниот пласман, но не успеа да стигне до тронот.

Најблиску до пехарот во најсилната класа беше со Дукати во 2017 година кога имаше шест победи во сезоната и до последната трка беше во трка за титулата со Маркез. Тој се пензионираше минатата сезона.

Scroll to Top