Top Sport

Се снимал за „Тик Ток“ – Во дрес на Баерн влегол меѓу навивачите на ПСЖ

Навивач на Баерн Минхен, во вторникот на „Паркот на принцовите“ во Париз, поради сосптвена лудост, благодарение на полицијата преживеал линч од ултрасите на домашниот тим.

Навивачот на Баерн влегол на трибината кија им припаѓа на ултрасите на ПСЖ. Под тренерката носел дрес на Баерн и го покажал додека снимал за „Тик Ток“, надевајќи се дека снимката ќе стане вирална.

И навистина успеа во намерата, на видеото се гледа како го тепаат навивачите на ПСЖ, откако најпрвин му го искинале дресот.

Брзата интервенција на полицијата му го спасила животот.

 

Scroll to Top