Top Sport

Брутална пресметка меѓу помалиот Емелианенко и Џонсон (видео)

Помладиот брат на Фјодор Емелианенко, Александер повторно се врати во рингот во ВФЦА шоуто во Москва, каде што имаше еден брутален меч против Американецот Тони Џонсон.

Ова беше шеста борба за Александер Емелианенко по излегувањето од затвор, каде што помина три години поради затвор, и до овој меч имаше 5-0 со 5 нокаути.

Меѓутоа, овојпат против Џонсон иако половина меч беше во добра форма, Американецот врати со брутално „мавање“ со лакт, за на крајот судиите да прогласат дека мечот завршува без победник. Емелианенко по мечот заврши во болница (од каде ја постираше оваа фотографија), што може да се разбере ако се погледне каков беше по крајот.


Scroll to Top