Македонската ракометна кадетска репрезентација со пораз го заврши учеството на ЕХФ шампионатот во Грузија, откако во „реваншот“ против Швајцарија во борба за третото место загубија со 35:31.
Македонија веќе ја имаше совладано Швајцарија во натпреварите по групи, но по поразот од Белорусија во полуфиналето веќе не постоеше императивот за победа, и Швајцарците со подобро второ полувреме го обезбедија третото место. Серафимов со седум гола беше најдобар, додека Костески додаде шест.
Следна шанса за репрезентацијата на Данило Брестовац е Светското првенство во Скопје следната година.
Фото: РК Металург