Top Sport

Пронајдено е телото на фудбалерот Кристијан Атсу

Телото на фудбалерот Кристијан Атсу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет. Атсу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор.

„Безживотното тело на Атсу е пронајдено под урнатините. Неговите работи моментално се отстрануваат, пронајден е и неговиот телефон”, напишал неговиот агент.

Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека Атсу е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор над Касимпаша од 1:0.

Атсу ја започна кариерата како играч на Порто, од кој беше продаден во Челзи. Како член на Челзи беше на бројни позајмици, а конечно беше купен од Њукасл и таму остана од 2016 до 2021 година. Тој пристигна во Турција на почетокот на оваа сезона.

Во кариерата беше играч и на Порто, Рио Аве, Витесе, Евертон, Борнмут, Малага, и Ал Раед.

За репрезентацијата на Гана играше 65 пати и постигна девет гола.

Scroll to Top