Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) официјално објави дека судиите во четирите пониски лиги викендов ќе почнат да носат камера како дел од нивната опрема, која ќе ја снима нивната интеракција со играчите, стручниот штаб и публиката.
Станува збор за пилот проект кој ќе се спроведува во Мидлсброу, Ливерпул, Ворчестер и Есекс. Вкупно сто судии ќе носат камери на телото во пробен период кој ќе трае три месеци.
Претседателот на ФА, Марк Булингем, се надева дека присуството на камери ќе има позитивен ефект врз однесувањето кон судиите. Самата судиска професија во Англија е во криза бидејќи и недостига нов млад кадар.
„Сè помалку луѓе одлучуваат да учествуваат во судиски повик, а стравот од злоупотреба што би можеле да го искусат на или во близина на теренот е главната причина за тоа“, тврди Би-би-си во своето истражување.
Сите снимки снимени од камерите ќе се користат во секоја дисциплинска постапка. Доколку ФА смета дека пробниот период е успешен, камерите од сезоната 2023/2024 би можеле да бидат присутни на уште повеќе терени од пониската лиги.