Изминатите денови шпанските и англиските медиуми пишуваа за тоа дека Челзи и ПСЖ почнале преговори околу трансферот на Нејмар. Водечкиот каталонски спортски медиум, „Спорт“, тврди дека ПСЖ ја одредиле цената по која Бразилецот ќе може да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Според оовј извор, секој што ќе понуди 60 милиони евра, ќе може да преговара со клубот околку неговиот трансфер.
„Деновите на Нејмар во ПСЖ се избројани. Се повеќе е јасно дека неговата иднина е далеку од Париз. На шеиците им е преку глава од неговото однесување и сега прават се за да го продадат. Катарците веќе почнаа преговори со Челзи, а сега клубот ја одреди сумата за која Нејмар може да го напушти клубот. Станува збор за обештетување од 60 милиони евра, значително помалку од 222 милиони евра што ПСЖ плати за Бразилецот во 2017 година, “, пишува „Спорт“.
Да потсетиме, Нејмар во кариерата играше за три клуба. Започна во бразилски Сантос, а потоа се пресели во Барселона, каде играше од 2013 до 2017 година. Оттогаш, тој е член на ПСЖ.