Top Sport

Селта со авто-гол освои бод кај Реал Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад и Селта ремизираа 1:1 во 22. коло од шпанската Ла Лига.

Реал Сосиедад е трет на табелата со 43 бодови, додека Селта е 13. со 24 бодови на своето конто.

Домашните играчиБаскијци поведоа уште во петтата минута. Фудбалерот од средниот ред на Селта, Белтран, згреши и го отвори контранападот на Сосиедад, кој го извлече Кубо, а потоа одлично го проигра Ојарзабал, кој погоди за 1:0.

Во продолжение Селта беше подобрата екипа на теренот, се закануваше, имаше голем број на удари кон голот на Алекс Ремиро, но резултатот не се менуваше.

Гостите од Виго во 75. минута останаа со играч помалку, бидејќи Тапија доби два брзи жолти картони.

Тоа не ја обесхрабри Селта, продолжи да притиска, а наградата дојде во четвртата минута од судиското надополнување, кога Ле Норман си постигна автогол, за конечни 1:1.

Scroll to Top