Top Sport

Гризман го скрши отпорот на Атлетик Билбао

Атлетико Мадрид ја оствари 12. победа во Ла Лига оваа сезона совладувајќи го Атлетик Билбао со 1:0. Херој на Диего Симеоне беше Антоан Гризман кој успеа да ја затресе мрежата на противникот во 73.минута од мечот.

Мадриѓани се наоѓаат на четвртата позиција на табелата со 41 бод, додека Атлетик Билбао е седмопласиран со 32 бода.

Scroll to Top