Top Sport

Доријан Бабунски двоен стрелец за Дебрецен, погодија и Адеми и Тричковски

Македонските фудбалски интернацоналци ширум европските терени имаа одличен викенд. Најмногу се истакна Доријан Бабунски, напаѓачот на Дебрецен, кој постигна два гола за својот тим во триумфот од 3:2 против Хонвед.

Бабунски погоди во 27.минута и во 71.минута на овој меч.

Аријан Адеми беше стрелец на еден погодок во победата на Динамо Загреб (1:3) на гости против Вараждин. Адеми беше стрелец на третиот гол за „модрите“.

Иван Тричковски погоди за АЕК Ларнака во поразот од 2:1 против АЕЛ Лимасол, кој го предводи Чедомир Јаневски.

Scroll to Top