Мајкл Мелоун ја имаше честа да биде тренер на еден од тимовите на Ол-стар натпреварот, бидејќи неговите Денвер Нагетс се први во Западната конференција.
Мелоун е задоволен од привилегијата, тој не е баш воодушевен од самата игра.
„Чест е да се биде тука и да се биде дел од одличен викенд со одлични играчи, но ова е најлошиот кошаркарски натпревар во историјата“, беше искрен Мелоун.
На прашањето како да се поправи натпреварот на Ол-стар, тренерот на Нагетс одговара:
„Не знам дали може да се поправи… Им оддавам признание на Џоел Ембиид и Кајри Ирвинг, тие двајца навистина играа, се обидоа малку да играат одбрана.. Никој не беше повреден, се направи шоу за навивачите, но беше тешко да се издржи оваа игра, нема да ве лажам“.