Седум многу тешки натпревари за само 26 дена ги очекуваат фудбалерите на Реал Мадрид, актуелните шпански, европски и светски шампиони. Во овој период Реал два пати ќе игра против Ливерпул и Барселона.
Пеколниот месец, Реал ќе го започне утре против Ливерпул. „Црвените“, ќе му гостуваат на Реал во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони.
Пет дена подоцна Реал во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Четири дена по „мадрилењо“, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Барселона во првиот полуфинален меч во Купот на Шпанија.
Три дена подоцна, Реал ќе му гостува на Бетис, тим кој се бори за пласман во Лигата на шампиони.
Кога ќе го „одработат“ натпреварот во Севиља, фудбалерите на Реал ќе имаат седум дена одмор, а потоа ќе го пречекаат Еспањол. Ова формално е единствениот полесен противник во оваа „пеколна“ серија.
По дуелот со Еспањол, следува реваншот во Лигата на шампионите против Ливерпул.
Серијата тешки натпревари, Реал ќе ја заврши на 19.март, кога во првенството ќе и гостува на Барселона.