Реал Мадрид, во реприза на финалните натпревари во Лигата на шампионите од 2018 и 2022 година, утре ќе му гостува на Ливерпул. Ждрпката ги спои великаните на светскиот фудбал во осминафиналето.
Карло Анчелоти тимот што ќе настапи на „Енфилд“, ќе го составува без Тони Крос и Орелијан Чуамени. Двајата играчи од редот за врска се повредени.
Добра вест за Анчелоти е што ќе мпже да смета на Карим Бензема, кој не играше во саботата против Осасуна.
Во ростерот за дуелот со Ливерпул се најде 19.годишниот Алваро Родригес. Уругваецот против Осасуна запиша асистенција на дебито за Реал во Примера.