Еден навивач на Њукасл на шега го стави својот златен ретривер на продажба на Фејсбук за 5 фунти, откако немирното куче му ги изеде билетите за финалето на Карабао купот во недела!
Алан Карлинг немал добар ден – прво присуствувал на „Сент Џејмс парк“ за 0:2 поразот од Ливерпул, а кога се вратил дома, неговото куче ги распарчило билетите за „Вембли“, каде што во недела Њукасл ќе се судри со Манчестер јунајтед во обид да се дојде до прва титула по повеќе од шеесет години (од 1969).
„Ова е моето куче Руди. Руди е мало копиле и мисли дека писмата кои доаѓаат се натрапници на неговиот дом. Кога се вратив дома од првиот пораз оваа сезона дома од Ливерпул, со црвен за нашиот голман, Руди ме орасположи со јадење на билетите кои пристигнаа по пошта. Куче на продажба. 5 фунти“, напиша Карлинг.
Сепак, ситуацијата не е безнадежна за навивачот – тој може да контактира со клубот и тие најверојатно ќе му пратат заменски билети.