Top Sport

Судот не ја прифати жалбата: Дани Алвеш останува зад решетки

Судот во Барселона ја одби жалбата на Дани Алвеш и одлучи Бразилецот да остане во истражен притвор без кауција до неговото судење. Поранешниот играч на каталонскиот клуб е обвинет за силување на 23-годишна девојка во еден од тоалетите на ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.

Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со ефективна затворска казна од 4 до 12 години.

Алвеш е во истражниот затвор веќе еден месец. Минатиот четврток неговиот адвокат Кристобал Мартел побара негово ослободување. Сепак, одбраната на жртвата и обвинителството сметаат дека постои голем ризик доколку биде ослободен, Алвеш да може да се врати во Бразил.

Судот ги прифати овие аргументи и ја отфрли жалбата на Дани Алвеш.

Scroll to Top