Наполи стекна предност од два гола по првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Најдобриот тим во Серија А, во Франкфурт, го победи Ајнтрахт со головите на Осимен и Ди Лоренцо.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, на стадионот во Франкфурт, играше од 80.минута.
По мечот тренерот Лучијано Спалети, ги предупреди своите фудбалери да бидат внимателни во реваншот.
„Се уште мислам дека шансите се пола-пола, една грешка во реваншот може да го смени текот на натпреварот. Мора сериозно да влеземе во реванш натпреварот, ако не го направиме тоа можеме да се соочиме со проблеми. Ароганцијата може да биде нашиот најголем непријател. Ние покажавме дека заслужуваме да бидеме овде, тоа треба да го потврдиме и во реваншот“, изјави тренерот на Наполи.