Top Sport

Интер против Порто, Сити гостува во Лајпциг

Вечерва во Милано и Лајпциг ќе биде комплетиран првиот круг од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Интер ќе го пречека Порто, а Манчестер сити ќе гостува во Лајпциг.

Натпреварот во Италија е дуел на два поранешни европски шампиони и екипи кои ги поврзува пред се еден човек – Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак со двете екипи ја освои Лигата на шампионите. Прво со Порто во 2004 година, а потоа и со Интер во 2010 година.

Тоа ќе биде прв меч на двата тима по 18 години, а улогата на фаворит секако му припаѓа на Интер, пред се затоа што се игра на „Џузепе Меаца“.

Хоакин Кореа нема да игра за Интер поради повреда на бутниот мускул, додека од друга страна, Габриел Верон ќе го пропушти натпреварот поради проблем со скочниот зглоб.

Во вториот натпревар Лајпциг ќе го пречека Манчестер сити.

Тоа ќе биде дуел на две екипи во идентична форма, а пред средбата во Германија имаат три победи, реми и пораз на последните пет средби.

Пеп Гвардиола нема да може да смета на Лапоре, Стоунс и Де Брујне. Од другата страна ќе го нема Олмо, а под знак прашалник е и настапот на Нкунку.

Двата тима веќе еднаш играа во Лигата на шампионите. Пред две години беа во иста група и двете екипи забележаа по една победа.

Scroll to Top