Top Sport

ФФМ во петок ќе се одлучува за „случајот Гостивар“

Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот „спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување.

Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана во петок, 24. февруари.

Изминатиот викнед Локомотива од Пехчево поднесе жалба за настапот на Гордијан Христовски за екипата на Гостивар. Според нив Христовски немал право на настап на овој натпревар.

Фото/https://www.facebook.com/KFGGostivari

Scroll to Top