Top Sport

Ибрахимовиќ и Ребиќ ќе го напуптат Милан

Свесни дека нема да можат да ја одбранат титулата освоена минатата сезона, во фудбалскиот клуб Милан, започнале да ја планираат наредната сезона. „Газета дело Спорт“, пишува дека првата трансфер-листа е скроена.

Милан нема да смета на Зталан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот има 41 година, а оваа сезона се уште не настапил поради тешката повреда која ја заработи во мај минаата година.

На продажба ќе биде ставен Анте Ребиќ. Хрватот има 29 години, тој оваа сезона ја загуби довербата на тренерот Стефано Пиоли. Ребиќ е член на Милан од 2020 година. Досега на 112 натпревари забележал 17 асистенции и постигнал 29 гола.

Милан ќе ги врати Тиемуе Бакајоко и Сержињо Дест во Челси и Барселона, а ќе размислат дали да го откупат од Волфсбург договорот на Белгиецот, Астер Вранккс.

Исто така дозвола да го напуштат клубот ќе добијат Сенегалецот Фоде Бало-Туре и голманите Сипријан Татарушану и Антонио Миранте.

Италијанскиот шампион на тој начин треба да инкасира околу 15 милиони евра, а потоа тие пари да ги вложи во други играчи.

Scroll to Top