Фудбалскиот сојуз на Турција (ФСТ), одлучи да им помогне на клубовите и нивните играчи кои се наоѓаат во подрачјата погодени од земјотресот.
Со одлука на Извршниот одбор на ФСТ, сите клубови од тие региони можат да поднесат барање за повлекување од тековната сезона до 1. март, но од наредната сезона ќе можат да се натпреваруваат во исто ниво на натпреварување.
Одлуката на ФСТ е дека повлекувањето на клубовите од тековните првенства нема да доведе до нивно испаѓање во пониските лиги.
Освен тоа, Фудбалскиот сојуз на Турција им дозволи на играчите и тренерите на клубовите погодени од земјотресот да ги сменат тимовите до 15. март.