Интер направи еден чекор кон четврт-финалето во Лигата на шампионите откако го совлада тимот на Порто со 1:0. Стрелец на голот беше Ромелу Лукаку, но тренерот Симоне Инзаги не пропушти да го пофали целиот тим кој стигна до успехот.
„Сите се претставија добро, на тимот му требаше придонесот од сите. Знаеме дека има уште многу натпревари пред нас оваа сезона. Секој ќе ја добие својата шанса“, изјави Инзаги по триумфот.
Тренерот на „нероаѕурите“ ги прокоментира и тешкотиите на кои наиде неговиот тим на патот до победата. Порто попушти дури откако остана со десетмина на теренот на „Џузепе Меаца“.
„Игравме добро против физички многу силен тим. Жал ми е што не успеавме да реализираме некои од шансите што ги имавме во првото полувреме. Сакавме да постигнеме нешто повеќе, но и покрај тоа нашиот настап беше одличен“, додаде тренерот на Интер.
Интер има одлична можност да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите за првпат по 12 години.